Еколошкиот туризам на европскиот континент се зголемува за 20 отсто на годишна основа, покажале статистичките податоци.
Оваа пресметка ја презентирал Мирослав Калугеров, шеф на дирекцијата на Националната служба за заштита на природата во Министерството за животна средина и води на Бугарија, за време на форумот „Бизнис и биодиверзитет: можностите во Натура 2000“.
Поводот за форумот е најуспешниот проект „за Балканот и луѓето“, кој оваа година ја освои наградата Натура 2000 на Европската комисија во категоријата „социо-економски бенефиции“. Акцент на дебатата биле социоекономската предност од заштитата на природата и најдобрите практики од региони во мрежата Натура 2000 во Бугарија, кои докажуваат како бизнисот и заштитата на средината одат рака под рака.
Заменик-министерот за земјоделство и храна на Бугарија Васил Грудев вели дека државата треба да покаже дека Натура 2000 е можност, а не ограничување. Според него, многу од најдобрите практики на мали семејни фарми и бизниси во овие региони веќе го докажуваат тоа, таму се гледаат краткорочните придобивки, а не само долгорочните.
- Мораме да го најдеме и краткорочниот спектар и да престанеме да гледаме на Натура 2000 како на пречка, туку како на економска можност - посочи заменик-министер Грудев.
Во Натура 2000 има 233 зони за заштита на природните живеалишта, што претставува 30 отсто од територијата на Бугарија. Има уште 90 од типот на природни живеалишта и над 120 видови на растенија и животни, идентификувани од страна на европските директиви, посочува шефот на кабинетот на комесарот за животна средина Кармену Вела.