50 романски компании и невладини организации добија вкупно 54 милиони евра од приватно финансирање и норвешки грантови за развој на зелени проекти.
Во оваа фаза двете земји преговараат за нов договор за периодот до 2021 година.
Зелените технологии и еко-иновативните производи и проекти добиле 20 грантови. 16 проекти се финансирани да се одговори на прашања како што се отпадот, повторното користење, подобрување на енергетската ефикасност и користење обновливи извори на енергија во бизниси. Останатите 14 проекти се фокусирани на иновации и развој на претприемничкиот дух во зелената економија.
Проектите се извршени во периодот меѓу март 2013 година и април оваа година во рамките на програмата „зелени иновации во индустријата во Романија“. За програмата се предвидени 54 милиони евра, од кои 28 милиони евра од приватно кофинансирање и 26 милиони евра од норвешки грантови.
Норвешка и Романија преговараат за нов договор за финансирање на зелени проекти за периодот 2014-2021 година.