Четири единки од долгоушест був биле најдени мртви во Србија откако се хранеле со затруени глодари, соопшти Македонското здужение за бувови.
- Лоша вест од нашите колеги од соседна Србија. Под крошната на една врба на која со години е зимско собиралиште на Долгоушестиот був (Asio otus) се пронајдени четири мртви и два се уште живи бувови. Се работи за отров на база на антикоагуланси кој бил расфрлан во близината со цел да се уништат глодарите - информираат од здружението.
Оттаму потсетуваат дека исхраната на бувовите со затруени глодари е кобна за нив и тоа е најголемата причина за намалувањето на нивната популација.
- Наместо да внимаваме како ги користиме отровите, воопшто да не ги користиме - порачуваат од здружението.