mksqen
22
Чет, Мај
0 Нови / 7 дена

Ќе се заштитува царскиот орел во Панонија

Ќе се заштитува царскиот орел во Панонија

Типографија

Земјите во Панонската низина, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка и Србија почнаа заеднички проект за заштита на царскиот орел.

Проектот е во вредност од 3,6 милиони евра и е финансиран од Европската комисија  под заштита на биолошката разновидност.

Целта на проектот е до пролетта 2022 година популацијата на царскиот орел во Панонската низина да се зголеми за најмалку 10 отсто и да го надмине бројот од 250 парови.

  • Тоа е за Србија посебно значајно затоа што кај нас царскиот орел е еден од најмалубројните и најзагрозените диви животни, со само пет до седум потенцијални територии и само две пронајдени гнезда годишно – вели Марко Туцаков, орнитолог во провинцискиот Институт за заштита на природата.


Царскиот орел се населува во Војводина, пред се во зоната на Фрушка гора и во северниот дел на Банат, а во поново време неколку парови и птици се забележани и во југоисточниот регион на Банат, во близина на Пожеженски песок и околу Прешево.

Во реализацијата на програмата за заштита на царскиот орел учествува и српското Друштво за заштита и проучување на птици.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан