mksqen
11
Саб, Мај
0 Нови / 7 дена

Албанија усвои закон за увоз на отпад

Типографија

Албанскиот парламент усвои закон со кој се овозможува увоз на комунален отпад од други земји, и покрај противењето на активистите за животна средина и на опозицијата.

Парламентот го донесе законот со 63 гласа „за“, 27 „против“ и четири воздржани.

Инаку таков закон усвои и претходната влада на Албанија во 2011 година, но актуелната го укина во 2013 година пред да стапи во сила. Законот сега е усвоен со амандмани.

Неколку десетини активисти протестирале пред парламентот, наведувајќи дека Албанија со овој потег може да се претвори во депонија и да се соочи со опасни последици. Владата соопштила дека законот е во склад со европските стандарди. Премиерот Еди Рама аргументирал дека веќе е инвестирано 130 милиони евра во четири поголеми и десетина помали фабрики за рециклажа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component