Со нов предлог-закон, сопствениците на деловен простор во Грција ќе треба да приложат сертификат од градежен инженер дека тој нема дивоизграден дел, за да можат да ги издаваат или да ги продаваат своите дуќани и канцеларии.
Стопанствениците реагирале дека наместо да се намалуваат процедурите за водење бизнис, тие се усложнуваат и расте бројот на документи што треба да се обезбедат. Од претходно важи правилото дека за просториите треба да се обезбеди документ за енергетски перформанс од инспектор по енергетика, од кое се исклучени малите дуќани со помалку од 50 квадратни метри. Сопствениците се жалеле дека им биле потребни премногу пари за да ги обезбедат сите сертификати, катастарските документи, како и да платат адвокат, нотар и агент за недвижности за да можат да ги издаваат росторите.
Во зависност од големината и видот на имотот, за сето тоа треба да се одвојат стотици, дури и илјадници евра.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS