mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Слон починал откако пропатувал 1.600 километри од Индија до Бангладеш

Слон починал откако пропатувал 1.600 километри од Индија до Бангладеш

Типографија

Слонот за кој се верува дека поминал околу 1.600 километри од Индија до Бангладеш откако поради поплави бил одвоен од своето стадо, починал и покрај обидите да биде спасен. Животното, кое било многу вознемирено, било успивано трипати за да биде пренесено во сафари парк во Бангладеш, откако кон крајот на јуни ја поминало границата на двете држави.

Според официјалните лица, биле направени обиди да му помогнат да се опорави, но слонот бил премногу слаб и уморен.

  • Го испушти својот последен здив околу 7 часот. Вложивме најсилни напори да го спасиме животното. Најмалку 10 шумски ренџери, ветеринари и полицајци постојано го следеа во последниве 48 денови. Но немавме среќа - рекол шефот на конзерваторската служба за дивиот свет на Бангладеш, Ашит Ранџан Паул.

Илјадници жители на бангладешките села го следеле слонот секој ден како што тој патувал покрај реката Брамапутра. Повеќепати тие помогнале тој да се спаси од смрт, како во еден случај кога откако бил погоден со стрелка за успивање, паднал во езеро. Селаните го држеле животното од четири тони над водата, за да не се удави.

Најпопуларни вести во категорија Свет

Најпопуларни вести во категорија Балкан

Најпопуларни вести во категорија Скопје