mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Го снемува рајот: недопрената природа се намалила за 10 отсто

Го снемува рајот: недопрената природа се намалила за 10 отсто

Типографија

Во светот има се помалку пространства со недопрена природа од човекот, а тие се намалуваат со голема брзина. Според последните истражувања, во изминативе две децении снемало 10 отсто од светската дивина.

Најмногу недопрена природа е загубена во Јужна Америка, 30 отсто и во Африка, 14 отсто. Најчести причини за уништувањето се сечењето на шумите, земјоделството и рударството.

Истражувачите изработиле мапа со дивината во светот и ја споредиле со мапа од 1993 година што била изработена според истите методи. Утврдиле дека 30,1 милиони квадратни километри копно на планетата е се уште недопрена природа, и дека оваа површина се намалила за 3,3 милиони квадратни километри.

  • Ова е многу тажно бидејќи нма враќање назад. Кога овие места исчезнуваат, тоа е трајно, и има шокантни последици врз биодиверзитетот и врз климатските промени - изјавил истражувачот Џејмс Вотсон од Универзитетот во Квинсленд, Австралија и од Друштвото за заштита на дивиот свет од Њујорк.

Вотсон ја предводел изработката на студијата и рекол дека се уште една четвртина од планетата е дивина, најмногу во Централна Африка, Амазон, Северна Австралија, САД, Канада и Русија. Најпогодени од уништувањето биле Амазон и Централна Африка.

  • Мораме да задржиме некои места да не бидат допрени од нас. Ни снемува и време и простор. Ако човештвото се прашува што и треба на природата, одговорот е дека и требаат овие места, да станат приоритетни за заштита - додава Вотсон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет