mksqen

Граѓани обвинуваат: калифорниски град пиел отровна вода

Граѓани обвинуваат: калифорниски град пиел отровна вода

Типографија

Петмина жители на градот Фрезно во американската сојузна држава калифорнија поднеле тужба против градската управа, обвинувајќи ја дека дозволила нивото на олово и други токсични материјали во водата за пиење драстично да се зголеми, и дека не ја предупредила јавноста за тоа.

Тие велат дека илјадници жители на градот можат да се соочат не само со здравствени проблеми поради изложеноста на олово, туку и дека на овој начин може значително да опадне вредноста на недвижностите во градот.

  • Тоа што градот потфрлил во тестирањето на водата и испитувањето на проблемот, како и во информирањето на јавноста, е основа за тужбата - рекле тие.

Градските власти засега не го коментирале случајот. На почетокот од годинава градот Фрезно отворил истрага откако повеќе од 300 жители на североисточните делови пријавиле дека водата во нивните домови има чудна боја. Се утврдило дека имаолово и други токсични материјали што ги надминувале дозволените граници за вода за пиење.

До пред 12 години Фрезно се снабдувал со вода од бунари, а оттогаш се префрлил на површински води. Но оваа промена предизвикала корозија на цевките и влошување на квалитетот на водоснабдувањето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет