mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Димните бранови - нов голем еколошки проблем

Димните бранови - нов голем еколошки проблем

Типографија

Сезоната на шумски пожари во Калифорнија и низ целиот западен дел на САД секоја година станува се` подолга, а уништувањето од огновите е се` поголемо. Но освен загубата на шумски површини и населби, и масовната евакуација на населението, тие предизвикуваат и уште еден проблем.

Големи смртоносни димни бранови се шират во околните подрачја и предизвикуваат здравствени проблеми. Сето ова, според наодите од истражувањата, е уште една последица од климатските промени.

Пепелот и правта што се креваат од шумските пожари може да паднат многу подалеку од местото каде што настанал пожарот. При големи огнени стихии, чадот понекогаш е толку густ што ја попречува сончевата светлина.

Истражувачите од универзитетите Харвард и Јеил го проучувале ширењето на чадот од шумските пожари на Западот за да утврдат како тој се шири, какви последици предизвикува за животната средина и кој се` трпи штети од него. Добиле вознемирувачки резултати, според кои загадувањето што го носат т.н. димни бранови е високо и се задржува барем два дена. Тоа е опасно за целото население, а особено за луѓето што веќе имаат респираторни проблеми. Уште полошо е што ова не се случува само во непосредна близина на пожарот, туку и на голема оддалеченост од него. На пример, поради пожар во канадската провинција Алберта, луѓе од американската држава Мичиген се жалеле на респираторни проблеми.

Според проценките, по 2040 година, 82 милиони луѓе во западните делови на САД ќе бидат изложени на влијанието на димните бранови, што е двојно повеќе од денес. Особено загрижувачка ќе биде состојбата во густо населените делови како околината на Сан Франциско, која е опкружена со места со висок ризик од големи шумски пожари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет