mksqen

САД и Кина го ратификуваа климатскиот договор од Париз

САД и Кина го ратификуваа климатскиот договор од Париз

Типографија



Соединетите американски држави и Кина формално го ратификуваа климатскиот договоро од Париз кој предвидува ограничување на емисиите на гасови што го предизвикуваат глобалното затоплување.

Откако двете најголеми светски економии го сторија ова, се зголемуваат шансите договорот да стапи во сила пред крајот на годината.

Претседателите на САД, Барак Обама и на Кина, Сји Џинпинг, му ги предадоа своите планови да го прифатат договорот на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој престојува во Кина. Советникот на Обама, Брајан Дис, рече дека заедничката декларација може да ги поттикне и другите држави формално да го ратификуваат договорот.

  • Сигналот што се испраќа со тоа што двата најголеми загадувачи заедно го преземаат овој чекор и што тоа се случува толку рано, многу порано отколку што се претпоставуваше лани, треба да ги охрабри и другите земји дека истотака можат да се вклучат што поскоро и да бидат дел од овие глобални напори - вели Дис.

Индија исто така се очекува да се придружи на договорот годинава, најавува Дис, додавајќи дека Обама треба да се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди на маргините на Самитот на Г-20 во Хангжу, Кина.

Пред САД и Кина, вкупно 23 држави го имаа ратификувано договорот, вклучувајќи ја и Северна Кореја. Но сите тие се одговорни за вкупно 1,08 проценти од емисиите на стакленички гасови, според податоците од ОН. На Кина отпаѓаат над 20 отсто од емисиите, САД се одговорни за 17,9 отсто, Русија за 7,5, а Индија за 4,1 отсто.

Но ратификацијата не знали дека работата е завршена. Алден Мејер, меѓународен директор на Унијата на загрижени научници, вели дека за да се спроведат деталните правила од парискиот договор ќе бидат потребни уште година или две.

  • Сите држави ќе треба да ги зголемат своите ангажмани во согласност со договорот, ако сакаме да ги избегнеме најлошите ефекти од климатските промени и да ја постигнеме целта до средината на векот да има нула емисии на гасови што го предизвикуваат глобалното затоплување - вели Мејер.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет