mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Реката Ганг е длабока 50 метри, најмногу во историјата

Реката Ганг е длабока 50 метри, најмногу во историјата

Типографија

Обилните дождови што го донесе годинешва монсунска сезона во Индија, предизвика катастрофални поплави во североисточните делови од државата и досега незабележано високо ниво на реката Ганг.

Кај Патна, главниот град на сојузната држава Бихар, нивото на Ганг достигна 50,5 метри, што е највисоко во историјата. Дождовите и надојдените води, предизвикаа Ганг да го надмине и досегшнто рекордно ниво од 50,2 метри, забележано за време на монсунските поплави во 1994 година. Државата Бихар е една од најтешко погодените од годинешниве поплави.

Индиските власти соопштуваат дека во оваа држава се регистрирани најголем број од досега пријавените над 150 жртви и околу половина милион евакуирани лица. Од водите на Ганг, која е трета најдолга река во светот, годинава тешко е погодена и државата Утар Прадеш, како и територииите на нејзиниот тек, сè до влевањето во Бенгалскиот Залив.

Индиски хидролошки експерти за годинешниве катастрофални поплави ги обвинуваат големите наноси што водата ги носи со себе.  Тие го подигнуваат нивото на водата до екстремно високи размери, која потоа се излева од коритото и поплавува низ областите низ кои тече реката.

Властите на Бихар бараат да се тргне, или барем да се отвори вештачки направената бариера на Ганг, во соседната држава Западен Бенгал, што се граничи со Бангладеш, за да се забрза протокот на водите на реката, но и за да се реши проблемот со наносите.

Експертите предупредуваат дека високото ниво на водата на реките, кое кај некои брани е над нивото на кое се населените места, може да доведе до прскање на бариерите и до катастрофа од погоеми размери, па се сугерира отворање пропусти за да попушти притисокот врз браните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет