mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Нов Зеланд 3.000 луѓе се разболеле од водата за пиење

Во Нов Зеланд 3.000 луѓе се разболеле од водата за пиење

Типографија

Владата на Нов Зеланд отвори истрага откако поради загадување на еден регионален водовод илјадници жители се разболеле и се соочуваат со повраќање и со дијареа. Бактеријата, која е форма на гастроентеритис, досега заразила околу 3.000 луѓе, соопштиле властите.

Половина од нив се во градот Хавелок Норт на Северниот остров на Нов Зеланд, околу 250 километри од главниот град Велингтон. Училиштата се затворени, а здравствените установи се преполни.

  • Ситуацијата во Хавелок Норт е загрижувачка. Многу е важно јавноста да има доверба во водоснабдувањето - изјавил министерот за здравство Џонатан Колмен.

Ваквите случаи се ретки во Нов Зеланд, каде што водата од чешма обично е безбедна за пиење. Нов Зеланд се рекламира во светот како „100-процентно чиста земја“, во обид да привлече повеќе туристи и да ја зголеми вредноста на својот извоз. Владата најави дека истрагата ќе се фокусира на причините за ширењето на бактеријата, и на реакцијата на задолжените служби.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет