Најмалку четири илјади лица се хоспитализирани во Јапонија поради високите температури изминатата недела, а осуммина од нив починале, соопшти противпожарната служба, која исто така ги извршува фуникциите на службата за вонредни ситуации и брза помош.
Од крајот на април поради жештини во болниците на Јапонија се хоспитализирани над 25 илјади лица. Повеќето од нив се возрасни луѓе, кои живеат на село и работат на отворено.
Јапонија е зафатена од топол бран од средината на јуни, а просечната температура оттогаш е околу 35 степени Целзиусови.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS