mksqen

Над 90 загинати во поплави во Шри Ланка

Над 90 загинати во поплави во Шри Ланка

Типографија

Најмалку 91 лице загинаа, а околу 110 се водат како исчезнати при поплави и повеќе одрони на земјиште во Шри Ланка, предизвикани од поројните монсунски дождови.

Како што соопштија властите на Шри Ланка, поради елементарните непогоди околу 20 илјади лица биле принудени да ги напуштат своите домови во јужните и западните делови на оваа островска земја во Индискиот Океан.

Владата во Коломбо веќе побара помош од ОН и соседните земји во справувањето со последиците од полавите и свлечиштата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет