mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Новак: Изградбата на Турски поток се одвива со полна пареа

Новак: Изградбата на Турски поток се одвива со полна пареа

Типографија

Во најскоро време „Газпром“ ќе добие дозвола за изградба и на втората линија од гасоводот „Турски поток“.

Ова го изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак. 

  • Изградбата на гасоводот се одвива со полна пареа. Турџија ги даде сите неопходни одобренија за изградба на првата линија и таа веќе се гради. Конечните дозволи за градба на втората линија ќе бидат добиени во најскоро време. Се работи на прашањето за местото на излезната точка на втората линија на копнената траса кон европските земји - рече Новак. 

Тој нагласува дека во моментов Русија преговара за таа „излезна точка“ со повеќе држави и се разгледуваат различни варијанти.

  • Станува збор за Грција и Бугарија, но се разбира дека пред се таа траса ќе минува низ територијата на Турција - додава Новак.

И рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Русија води преговори со неколку европски земји, со цел да се утврди која ќе биде најдобрата точка „за влез на гасоводот во Европа“.

  • Има разлилни предлози. Се водат преговори со неколку европски земји, и со Грција и со Бугарија. Пред донесување на какво било решение треба да се направи анализа на економските фактори, бидејќи овој гасовод не е политички, туку чисто економски проект - истакнува Медведев.

Според него, откако ќе се утврди „влезната точке во Европа“, ќе биде можно гасоводот да продолжи и кон други европски држави.

  • Во крајна линија реализацијата на овие планови на европскиот континет и во земјите од Европската унија, ќе се зависи од одлуките што ќе ги донесат самите европкси држави - порача Медведев.

Изградбата на гасоводот „Турски поток“, Русија ја најави во декември 2014 година, како алтернатива на пропаднатиот проект „Јужен поток“. Изградбата на „Турскиот поток“ официјално почна на 7 мај, кога „Газпром“ ги постави првите цевки на морската траса на руската страна од Црното Море. 

Според планот, едната линија од гасоводот ќе биде наменета за снабдување со енергенсот на потрошувачите во Турција, додека втората линија за дистрибуција на гас до земјите од Јужна и Југоисточна Европа.

Секоја од линиите би требало да биде со капацитет за дистирбуција на 14,75 милијарди кубни метри гас годишно. Изградбата на „Турски поток“ се проценува дека ќе чини 11,4 милијарди евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет