mksqen

Норвешка ќе прави дополнителна заштита на најголемата банка на растителни семиња

Норвешка ќе прави дополнителна заштита на најголемата банка на растителни семиња

Типографија

Норвешките власти дополнително ќе ја заштитат светската резерва на растителни семиња на Свалбард на Арктикот кои беа оштетени од протекување на вода што се должи на покачувањето на температурата.

Околу пет илјади нови примероци на растителни семиња од целиот свет се од пред неколку месеци во најголемата банка на семиња на светот која е отворена пред десетина години на арктичкиот остров.

Најголемата банка на растителни гени на светот е отворена за во случај на војна или големи природни катастрофи да се спаси растителниот свет од уништување.

Банката се наоѓа на островот Свалбард помеѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот пол и осмислена е како главна резерва за другите банки на семиња во светот.

Оптималната температура за чување на примероците е минус 18 степени Целзиусови, но поради тоа што октомври минатата година бил потопол од вообичаеното забележано е протекување на вода на влезот на во банката.

Норвешките власти наведуваат дека водата подоцна била замрзната и отстранета, но сепак имало оштетени примероци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет