Најмалку едно лице загина, а над сто куќи се уништени или оштетени при налет на торнадо во американската сојузна држава Оклахома.
Околу 40 куќи се уништени, а 75 се оштетени само во Елк Сити, град со 12 илјади жители. Во градот се затворени училиштата.
Официјално е потврдена смртта на еден човек кого торнадото го затекнало во неговиот автомобил, но засега не е познато колку лица се повредени.