Со цел да избегнат потенцијални напади од грабливци, малечките грбави китови им „шепотат“ на своите мајки, односно имаат своја посебна „тивка“ комуникација, велат резултатите од едно ново научно истражување.
- Китовите женки и нивните младенчиња не сакаат кога некој ги „прислушкува“. Потенцијалните грабливци, како што е китот убиец, можат да ја чујат нивната комуникација и на тој начин пронаоѓаат младенче - објаснува Симоне Видесен, предводничка на тимот истражувачи од Данска и Австралија.
Китовите се познати по гласните звуци кои ги испуштаат како повик кон другите припадници на својот вид.