mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Јапонија мора да го забрани пушењето пред Олимписките игри во 2020 година

Јапонија мора да го забрани пушењето пред Олимписките игри во 2020 година

Типографија

Јапонија мора да го забрани пушењето на сите јавни места ако сака успешно да биде домаќин на Олимписките игри во 2020 година во Токио.

Ова го наведува официјалниот претставник на Светската здравствена организација, Даглас Бечер.

Јапонија е позната како рај за пушачите. Министерството за здравство подготвува закон со кој би се ограничило пушењето, но наидува на негативни реакции од пушачите и тутунската индустрија.

Бечер кој е директор на СЗО за превенција од незаразни болести вели дека ограничувањето на пушењето во Јапонија е далеку под глобалните стандарди и дека тие мора да бидат обновени бидејќи странските посетители очекуваат додека се во Јапонија воздухот да биде чист. Тој додава дека делумните мерки против пушењето не се ефикасни.

Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштуваат дека во сите спортски сали за време на игрите пушењето ќе биде забранато.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет