mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Цветна пустина во Калифорнија

Цветна пустина во Калифорнија

Типографија

Околу 150 илјади луѓе во март го посетиле гратчето Борего Спрингс во американската држава Калифорнија, каде што оваа година е забележано ретко суперцветање на пустинските билки.

Борего Спрингс има околу 3.500 жители и се наоѓа на 135 километри североисточно од Сан Диего. Суперцветањето оваа година може да се забележи главно во Националниот парк Анза Борего, кој се граничи со градот.

Во Калифорнија условите за толку распространето и истовремено цветање на билките во пустината се појавуваат во просек еднаш на десет години. Во пустинската долина на истокот од државата, во т.н. Долина на смртта, овој феномен беше забележан и минатата година, поради големите количества дожд и високите температури.

Се очекува дека цветањето на пустинските билки оваа година ќе трае до крајот на мај и ќе зафати различни делови од пустината во циклуси, во зависност од видот на растенијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет