mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Јапонската флота уловила 333 китови кај Антарктикот

Јапонската флота уловила 333 китови кај Антарктикот

Типографија

Јапонска флота од пет бродови-китоловци се врати во Јапонија по четиримесечен лов во водите на Антарктикот, со уловени 333 китови, соопштила Агенцијата за риболов.

Со тоа китоловците втора година по ред ја исполниле целта според изменетата програма за лов на китови поради истражување. Јапонија тврди дека ловот се врши поради еколошки истражувања, и дека тоа е дозволено како исклучок од забраната за комерцијален лов на китови, воведена уште во 1986 година.

Но критичарите на јапонската програма тврдат дека истражувањењто е само параван за комерцијален лов, бидејќи уловените животни повторно се продаваат.

Меѓународниот суд на правдата во 2014 година пресуди дека јапонската програма за лов на китови околу Антарктикот треба да се напушти бидејќи не се врши во научни цели, како што тврдат властите во Токио. Јапонија во 2015 година вршеше истражувања на китовите во Антарктикот без убивање, а во 2016 година ја измени својата програма и ја намали потребната квота уловени китови, со што ловот продолжи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет