mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Турција ќе добие најголема соларна централа

Турција ќе добие најголема соларна централа

Типографија

Соларна електрана од еден гигават ќе биде инсталирана во Карапинар, Турција.

Таа ќе биде изградена од страна на конзорциумот  Кајлон-Ханвах кој на тендерот понудил најниска цена од 0,0699 евра за киловатчас. Вкупната вредност на проектот е 1,3 милијарди долари.

Карапинар ќе биде изградена во специјализирана индустриска зона која е во сопственост на Министерството за енергија и природни ресурси.

Според тендерот обврска на инвеститорот е да користи домашна работна сила и опрема која мора да биде произведена локално. Тендерот наложува соларната електрана да биде изградена во рок од 21 месец од моментот кога е потпишан договорот, а се очекува производство на електрична енергија да започне во рок од 36 месеци од моментот кога ќе се заврши со поставувањето на панелите.

Друг услов од тендерот е дека во одделот за истражување и развој треба да се вработат 100 луѓе, како технички персонал, од кои локалните инженери ќе бидат 80 отсто од сите вработени на овој проект и дека во овој оддел мора да бидат активни најмалку следните 10 години. Електричната енергија произведена во оваа соларна централа ќе се продава на гарантираната цена за следните 15 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет