Меѓународниот фонд за деца на ОН (УНИЦЕФ) апелираше за помош во износ од еден милион долари за населението во Шри Ланка поради сушата која ја зафати таа земја.
Шри Ланка моментно е зафатена од најлоша суша во последните 40 години, која директно загрозува повеќе од 1,2 милиона луѓе, вклучувајќи 365.232 деца, на кои им е потребна хуманитарна помош, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во извештајот, кој е објавен по повод Светскиот ден на водата, се наведува дека моментно 36 земји ширум светот се соочени со екстремен недостиг на вода. Во документот пишува дека високите температури, зголеменото ниво на морето, честите поплави, сушите и топењето на мразот влијаат на квалитетот и достапноста до вода .
УНИЦЕФ тврди дека иако Шри Ланка не се наоѓа меѓу овие 36 држави, таа земја и децата кои живеат во неа веќе ги чувствуваат последиците од климатските промени.