mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Австрија ја проширува мрежата на јавни полначи за електрични автомобили

Австрија ја проширува мрежата на јавни полначи за електрични автомобили

Типографија

Австрија ја шири мрежата на станици за полнење на електричните автомобили, кои се воведуваат како дел од напорите на земјата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Од 11 април снабдувачите со електрична енергија ќе ги комбинираат своите станици за полнење и ќе ги има на 1.300 јавни точки во државата.

За овој потег возачите на електрични автомобили ќе треба да се регистрираат кај еден од 11 добавувачи и да ги користат местата за полнење на комбинираната мрежа наместо да имаат посебни договори со секоја компанија.

Австрија ја поддржува употребата на електрични автомобили со различни иницијативи во текот на минатите шест години и има најголем скок во нови регистрации и најголем пораст во рамките на Европската унија.

Учеството на електрични возила е три пати повисок во Австрија од просекот на ЕУ и четири пати повисоко во Германија.

Министерот за транспорт на Австрија вели дека оваа мрежа ќе се состои од две илјади станици до крајот на годината, а ќе се зголеми на пет илјади во 2020 година, додавајќи дека мрежата ќе биде поврзана со другите во Европа за неколку месеци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет