mksqen

Бројот на загинатите во поплавите во Перу достигна 75 лица

Бројот на загинатите во поплавите во Перу достигна 75 лица

Типографија

Најмалку 75 лица загинаа, а 363 се повредени во најголемите поплави, кои го погодија Перу во изминативе 20 години.

Во поплавите, кои се случија како последица на интензивните врнежи и излевањето на реките, повеќе од 70 илјади лица останаа без покрив над главата, соопштија перуанските власти.

Поројни дождови, проследени со бури го зафатија перуанското северно крајбрежје, со обилни излевања на реките и создавање на свлечишта, а голем број села останаа изолирани, бидејќи патиштата се поплавени, а мостовите разурнати поради излевањето на реките. 

Поројните дождови се последица на феноменот Ел Нињо, кој предизвика ненормално загревање на пацифичите води, изјави еден од научниците на перуанскиот Одбор за проучување на овој феномен и најави дека тој би можел да трае и следниот месец. 

Врнежите се десет пати пообилни од вообичаено, а поединечни делови на земјата останаа без струја и вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет