Виетнамската полиција запленила повеќе од 100 килограми рогови од носорог кои шверцери од Кенија се обиделе спаковани во куфер да ги пренесат во Виетнам.
Виетнам е многу активен пазар за рогови затоа што средната класа го бара заради наводни лековити својства.
Ловокрадците од роговите на носорог прават прав кој го шверцуваат најмногу во Азија. Тој прав скапо се продава, а се користи во традиционалната медицина. Рогот од носорог содржи керотин кој важи за афродозијак.
Во светот има уште околу 29 илјади носорози, а пред половина век ги имало половина милион.
Трговијата со рогови од носорог во светот е забранета од 1977 година,