mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Германија по изборите треба да постави јасна цел за климатските промени

Германија по изборите треба да постави јасна цел за климатските промени

Типографија

Следната влада на Германија мора да ги постави точните цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид веднаш по изборите во септември за да се обезбеди поголема јасност за локалните власти и за компаниите. Ова го изјави канцеларката Ангела Меркел.

Меркел рече дека целта за намалување на емисиите за 80 до 95 отсто до 2050 година од нивоата во 1990 година е добра и мора да биде правилно разгледана. Овие ветувања се дел од глобалниот климатски договор на кој се согласија во Париз во 2015 година.

  • Но, постои голема разлика помеѓу 80 и 95 отсто - вели таа додавајќи дека е големо и важно прашање да се одговори во следниот законодавен период затоа што многу зависи од тоа.

Германија веќе си постави јасна цел за намалување на емисиите за 40 отсто до 2020 година од нивоата во 1990 година.

Меркел исто така, ја изразува и својата фрустрација дека продолжувањето на електричната мрежа во Германија го стопира проширувањето на обновливите извори на енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет