mksqen

Жан-Мишел Жар ќе прави концерт за спас на Мртво Море

Жан-Мишел Жар ќе прави концерт за спас на Мртво Море

Типографија

Музичарот Жан-Мишел Жар потврди дека на 6 април ќе одржи концерт во Израел на античка локација покрај Мртвото море за на светот да му го сврти вниманието за опасноста со која се соочува од негово исчезнување.

Еколошката загрозеност на Мртвото море, чие ниво се намалува за повеќе од еден метар секоја година, ги загрижува стручњаците кои велат дека тоа би можело до 2050 година целосно да се исуши.

Пресушувањето на Мртвото море е почнато во 1960 година поради интензивната експлоатација на водата во реката Јордан, но и поради постоењето на многубројни басени кои се наоѓаат по неговата должина, а кои се користат за вадење на минерали.

Жар кој е амбасадор на добрата волја на Унеско, ќе укаже на итноста од спасување на Мртвото море, соленото езеро на тромеѓето меѓу Израел, Јордан и палестинска територија.

Концертот, кој веќе една година се планира, треба да биде свечен и ќе се одржи во Масада, античка тврдина која ја изградил кралот Херод во првиот век пред новата ера на карпи во пустината покрај Мртвото море.  

Вечерниот осумчасовен концерт, за кој картите чинат од  130 до 777 евра ќе биде пренесуван директно, а ќе може да се гледа и преку една израелска апликација.

  • Она што е важно за мене е светот да разбере дека проблемот со Мртвото море не се однесува само на жителите на тој регион, туку на целото човештво - вели Жар.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет