mksqen
22
Чет, Мај
0 Нови / 7 дена

Откритие за исчезнувањето на мамутите дава надеж за денешните загрозени видови

Откритие за исчезнувањето на мамутите дава надеж за денешните загрозени видови

Типографија

Последните преживеани волнести мамути имале толку многу генетски мутации, што го загубиле чувството за мирис, им осветлело крзното и претпочитале осаменички живот.

До овој заклучок дошле научници што ја анализирале ДНК од исчезнатите животни. Утврдувањето на генетските аномалии како причина зошто изумреле последните мамути може да помогне во напорите за зачувување на денешните загрозени видови, како азиските гепарди, кои ги има помалку од 100, или планинските горила, од кои останале само околу 300.

Последните волнести мамути живееле на островот Врангел во Северниот леден океан, до пред четири илјади години.Според д-р Ребека Роџерс од Калифорнискиот универзитет, распаѓањето на мамутските геноми се совпаѓа со иселезнувањето на животните.

  • Разработените математички теории покажаа дека мамутите натрупале многу лоши мутации, поради кои природната селекција станала исклучително неефикасна - објаснува таа.

Ова било утврдено со споредба на гените од мамут што умрел пред четири илјади години и друг мамут што живеел пред 45 илјади години, кога овие животни ги имало во многу поголем број. Волнестите мамути биле распространети низ цела Северна Америка и Сибир, а исчезнале пред околу 10 илјади години. Се смета дека причина за нивното исчезнување е глобалното затоплување и евентуално човековиот лов. Мала популација преживеала на островот Врангел до пред четири илјади години.

Проучувањето на генетските мутации откриени кај таа популација може да помогне за зачувување на критично загрозените видови денес. Тоа укажува дека кога бројноста на еден вид ќе падне под определено ниво, генетското здравје на популацијата тешко може да се спаси. Според тоа, потребни се редовни генетски испитувања за да се утврди дали има доволна генетска разнообразност кај видот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет