mksqen

Во Буенос Аирес прогласена црвена тревога поради високите температури

Во Буенос Аирес прогласена црвена тревога поради високите температури

Типографија

Аргентинската метеоролошка служба прогласи црвена тревога, што е највисоко ниво на закана во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес поради горештините, кои почнаа на почетокот на неделата.

Високите температури претставуваат закана не само за ризичните групи, туку и за здравите луѓе, нагласи Метеролошката служба.

Во текот на денот температурата во Буенос Аирес достигнува 31 степен Целзиусов, но според метеоролозите, ако се земе предвид влажноста и другите показатели таа се чувствува како 38 степени. Синоптичарите не предвидуваат промена на температурите до крајот на неделата.

Горештините веќе доведоа до масовен прекин на преносот на струја, 127 илјади лица останаа без електрична енергија поради преоптеретеноста на мрежата. Во моментов 35 илјади корисници се без струја.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет