Кога мачката Јода исчезнала пред 15 години нејзината сопственичка Хелен Волс мислела дека никогаш повеќе нема да ја види. По цели 15 години Јода се вратила дома и ја оставила сопственичката без зборови.
Имено Хелен примила повик од ветеринарот, кој ја воодушевил со вестите за Јода.
- Кога видов дека ослабнала и изгледаше уморно, заплакав. Ветеринарот ми објасни дека остарела и загубила на тежина, но се врати дома и пресреќна сум! - изјави Хелен, која пред 18 години купила две слатки мачиња за својата ќерка Емили.
Емили била голем обожавател на серијалот „Војна на ѕвездите“, поради што мачката ја нарекла Јода, а другата Фурби. Инаку една од причините за заминувањето на Јода, било дивото однесување на Фурби, „алфа“ мачка во семејството.