mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Микроорганизми мутирале поради загадување со отпадни води

Микроорганизми мутирале поради загадување со отпадни води

Типографија

Отпадните води од црпењето нафта и гас во американската држава Западна Вирџинија предизвикале мутации на микроорганизмите во водотеците, покажала студијата на универзитетот Рутгерс.

Според студијата, испуштањето токсични материи ги сменило бројноста, разноликоста и функциите на микробите. Биле сменети нивните процеси за дишење и за исхрана.

Со истражувањето било утврдено и дека била намалена отпорноста на екосистемите од бактериски инфекции. Овој наод покажал колку се важни микроорганизмите и колкави штети може да предизвикаат промените кај нив од испуштањето отпадни води.

  • Се надевам дека студијата ќе се искористи за да се направат хипотези за влијанието на отпадните води - вели Никол Фаренфелд, главна авторка на студијата.

Таа додава дека се уште многу малку се знае за влијанијата од отпадните води од фрактурирањето, однсоно од дупчењето за нафта со помош на вода под притисок, со која се кршат подземните карпи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет