Властите во Уганда заплениле еден тон на нелегална слонова коска.
Исто така уапсени се тројца странски државјани под сомневање за планирање да ја прошверцуваат во странство.
Официјални лица на дивиот свет најавија дека слонова коска била земена од богата и голема куќа во главниот град Кампала.
Од уапсените еден е државјанин на Либерија и двајца на Гвинеја-Бисао.
Ознаките на коските сугерираат дека, најверојатно се донесени од соседна Танзанија и Конго.
Активистите на дивиот свет проценуваат дека само околу 5.600 слонови се останати во дивината во Уганда.