mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Од студен бран во Тајван за пет денови починаа повеќе од 150 лица

Од студен бран во Тајван за пет денови починаа повеќе од 150 лица

Типографија

Тајванските претставници и медиумите го обвинија студениот бран за смртта на повеќе од 150 луѓе, повеќето стари и болни лица, во текот на изминатите неколку денови.

Во Тајпеј во четвртокот вечерта температурите се спуштиле до 6,7 степени Целзиусови.

Тајванските весници „Либерти Тајмс“ и „Јунајтед Дајли Њуз“ оттогаш објавија за смртта на 145 лица, што веројатно е поврзана со студеното време.

Во извештаите се наведува дека невообичаените ниски температури на островот предизвикале срцеви и мозочни удари, како и смрт кај старите лица заболени од грип.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет