Вкупно 416 китови се насукае на брегот на Фервел Сплит на Јужниот остров на Нов Зеланд, а повеќе од 300 веќе угинале. Локалните жители се обидувале да ги спасат преживеаните китови и направиле човечки синџир за да ги ладат и да ги смируваат.
Научниците не можат точно да ги објаснат причините, зошто толку многу китови се насукале на овој брег. Некогаш се случува старите, болните или повредени китови да направат грешка во навигацијата и да влезат во плитка вода од која потоа не можат да излезат.
Исто така понекогаш се случува кит да се најде во таква ситуација, а потоа тој да испрати сигнал до другите кои завршуваат на ист начин.
Властите на Јужниот остров соопштија дека во четвртокот вечерта ја добиле информацијата дека китовите се насукале на брегот, но бидејќи било опасно да се работи во темнината, операцијата за спасување ја стартувале во петокот, во раните утрински часови.
Невладините организиции за заштита на животните на Нов Зеланд објавија дека земјата има една од најголемите стапки на смртност, односно дека околу 300 китови и делфини секоја година завршуваат на плажите, а најмногу од тие случаеви се токму на Фервел Сплит.
Пред две години, во февруари 2015 година, околу 200 китови се насукале на истата локација, а угинале половина од нив.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS