mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кина и Европа се префрлаат на електрични возила, САД заостануваат

Кина и Европа се префрлаат на електрични возила, САД заостануваат

Типографија

Оваа година ќе биде многу важна за електричните автомобили насекаде освен во Северна Америка, сметаат упатените од автоиндустријата.

Заострените правила за ограничување на загадувањето од возилата што стапуваат на сила во Кина и во Европа се очекува да ги натераат производителите да вложуваат повеќе во електрични возила, заклучиле некои од челниците на автомобилските компании на саемот во Детроит, САД.

  • Електрификацијата а автомобилот е тренд од кој нема враќање - вели Жак Ашенбруа, директор на компанијата Валео, која веќе за 50 проценти ја зголемила својата продажба на делови за електрични возила.

Во Европа има се повеќе субвенции, даночни олеснувања и други поттикнувачки мерки за користење еколошки возила, а се повеќе ограничувања за моторните возила, вклучувајќи рестрикции за возење и за паркирање. Кина, пак, се соочува со катастрофално загадување во поголемите градови и прави силен притисок да го зголеми уделот на електричните возила во сообраќајот. И таму се спроведуваат паралелни мерки за да се поттикне користењето на еколошки автомобили и да се ограничи возењето возила што загадуваат.

Во САД, од друга страна, единствено Калифорнија и неколку други држави водат политики со кои се поттикнува користењето коли што не испуштаат штетни гасови. Во 2016 година бројот на продадени електрични возила во целата држава дополнително паднал на само 0,37 проценти, пред се поради падот на цената на нафтата, што ја поттикнало продажбата на големи теренски и пик-ап возила. Најавите од новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги преиспита климатските политики на претходната администрација дополнително придонесуваат за овој тренд. Но тоа не значи дека американските компании целосно ќе се откажат од електричните возила. Трендовите во Европа и во Кина ќе влијаат и на нив, а Форд веќе планира да вложи 4,5 милијарди долари во развојот на овие возила до 2020 година.

  • Индустријата се менува, инфраструктурата се гради, и затоа сметаме дека во следните 15 години ќе имаме поголема понуда на електрични возила отколку на возила на фосилни горива - вели директорот на Форд Марк Филдс.

Автопроизводителите додаваат дека за целосно да се префрлат на производството на електрични возила ќе им треба поголема помош од владите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет