mksqen

Саудиска Арабија вложува 30 до 50 милиони долари во обновлива енергија

Саудиска Арабија вложува 30 до 50 милиони долари во обновлива енергија

Типографија

Саудиска Арабија наскоро ќе почне програма за развој на обновливи извори на енергија, во која ќе се вложат меѓу 30 и 50 милиони долари до 2023 година. Ова го изјави саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих.

Според Фалих, во следните неколку недели треба да се отворат првите тендери во рамките на програмата, со која треба да се произведуваат 10 гигавати енергија. Паралелно со тоа, ќе продолжи и проектот за изградба на два комерцијални нуклеарни реактори со капацитет од 2,8 гигавати, рекол министерот.

  • Ќе има голема инвестиција и во нуклеарната енергија - вели Фалих.

Саудиска Арабија минатата година донесе одлука за економски реформи со кои треба да задоволува што повеќе од своите потреби за енергија без користење нафта. Целта е што повеќе нафта да остане за продажба на странските пазари и да се заработат повеќе пари од извозот.

Фалих рекол дека земјата барала начини да ги поврзе своите проекти за обновлива енергија со Јемен, Јордан и со Египет.

  • Ќе се поврземе со Африка за размена на нефосилни извори на енергија - додал тој, без да образложува како.

Ниските цени на нафтата предизвикаа намалување на девизните приливи на Саудиска Арабија. Поради тоа, државата бара начини да ги отстапи инвестициите за идните инфраструктурни проекти на домашни и странски приватни компании.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.