mksqen

Голем студ во источниот дел на САД

Голем студ во источниот дел на САД

Типографија

Источниот дел на САД, од државата Џорџија до Масачусетс, е погоден од бура проследена со обилен снег.

Бурата во одредени места предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а регистрирани се и стотина сообраќајни несреќи. Издадено е предупредување кое се однесува дури на 73 милиони Американци.

Поради невремето откажани се или доцнат голем број летови ширум САД.

Снежната прекривка во југоисточна Вирџинија и во северниот дел на Северна Каролина изнесува околу 30 сантиметри, а во делови на Џорџија - 15 сантиметри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет