Руди Бунастра е научник што поминал повеќе од 40 години на северот на Канада истражувајќи ги шумите. Главно работел како дел од Арктичкиот институт , поточно од истражувачката станица Клуане Лејк во Јукон. За тоа време се запознал со многу аспекти од канадските пространи и специфични бореални шуми и нивниот екосистем.
Но за време на едно патување во Финска во средината на 1990-тите, каде што отишол за да му помогне на колега во теренските истражувања, забележал дека европските бореални шуми се разликуваат од нивните канадски роднини. Затоа почнал да ги истражува разликите, пред се патувајќи во Норвешка.
- Надворешно гледано, шумите изгледаат исто. Исполнети се со иглолисни дрвја и со ниска густина. Но тука завршуваат сите сличности - вели тој.
Главната разлика во шумите не била во дрвјата, туку на земјата, објаснува Бонастра. Во Канада на земјата најчесто се сретнувале високи грмушки , додека во Европа тие биле ниски.
Тој вели дека без оглед на разликите меѓу шумите, и двбете се многу чувствителни на последиците од климатските промени.