Стотина жители на главниот град на Монголија, Улан Батор, се собрале на протест барајќи од властите да преземат построги мерки против загадувањето.
Тие стравуваат дека токму загадениот воздух е причина за болестите на децата и за скратувањето на животниот век на населението.
Тие се собрале на плоштадот пред владините канцеларии во Улан Батор, носејќи транспаренти на кои пишувало „ да им дадеме чист воздух на нашите деца“, „смогот е тивок убиец“ и „не можеме да дишеме“.
- Очајни сме и затоа ги организираме овие демонстрации, за и властите да ја почувствуваат нашите фрустрации и лутина - изјавил Пуревку Цендерој, еден од организаторите.
Според податоците на УНИЦЕФ, загадувањето на воздухот е поврзано со три болести што се најчести причини за прерана смрт во Монголија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS