mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Температурите на Северниот пол се близу до точката на топење

Температурите на Северниот пол се близу до точката на топење

Типографија

Температурите на Северниот пол вчера дошле близу до точката на топење откако бран од топол воздух го покрил Арктикот.

Во ова време од годината овој регион е обично длабоко замрзнат, велат научниците. Температурата на воздухот се проценува на само минус 4 степени напладне, соопштил Норвешкиот метеоролошки институт. Вообичаената за овој период изнесувала околу минус 30 степени.

Нема мерни станици на самиот Северен пол, но станицата поставена на пловка во океанот близу норвешкиот остров Спитсберген покажала 0 степени.

На глобално ниво 2016 година е на пат да стане најтопла досега, поради емисиите на стакленички гасови и поради ефектите од Ел Нињо во Тихи Океан.

  • Има низок притисок меѓу Гренланд и Спитсберген, со многу силна воздушна струја - вели Јустина Воџичко, метеоролог во Норвешниот метеоролошки институт

Нејзиниот колега од Данскиот метеоролошки институт Јеспер Ериксен додава дека овие појави стануваат се` почести затоа што покривката од мраз е се помала, а водата под неа е се потопла.

Арктичкиот мраз е на рекордно ниско ниво за ова време од годината, според мерењата направени на 20 декември од Американскиот дата центар за снег и мраз. Регионот на Арктикот се затоплува двапати побрзо од глобалниот просек, со што ги нарушува условите за лов на локалното население и го загрозува опстанокот на некои животински видови како поларната мечка. Истовремено, ова отвора можности за црпење нафта и гас од Арктикот.

Се очекува дека температурите ќе опаднат во наредните денови. Норвешкиот метеоролошки институт соопшти на Твитер дека „санката на Дедо Мраз ќе може да тргне без опасност дека ќе заглави во полурастопен мраз“.

Минатата година во декември температурите исто така се доближија до нула степени. Ваквите зимски температурни скокови вообичаено се случуваа еднаш до двапати во една деценија, откако се следи состојбата од 1959 година, според податоците на Универзитетот на Торонто. Но се очекува тие да се повторуваат се почесто во иднина.

Панел од климатски научници на Обединетите нации соопшти дека веројатноста е 95 отсто дека емисиите на стакленички гасови од човекот се главни причинители на климатските промени, кои го нарушуваат процесот на снабдување со храна и со вода поради зачестените поплави, топлотни бранови и растот на нивото на морињата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет