Осум од најголемите светски морски компании ветија дека за прв пат ќе се подобри транспарентноста на нивниот улов за да се запре нелегалниот риболов и да се заштитат океаните.
- Индустријата за морска храна не може да напредува на неодржлива планета и ние нема да имаме просперитетна планетата со неодржлива морска храна индустрија - се вели во заедничката изјава на компаниите.
Компаниите ветија дека ќе помогнат во намалувањето на црниот, безотчетен риболов. Исто така, ќе се елиминира било каква форма на модерно ропство вклучувајќи го и детскиот труд во нивните ланци на снабдување, како и за намалување на употребата на антибиотици во земјоделството.