mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во ноември измерени рекордно ниски нивоа на мразот и на двата пола

Типографија

И Арктикот и Антарктикот достигнаа рекордно ниски нивоа на морскиот мраз во ноември. Ова го утврдиле научниците од Националниот центар за податоци за снег и мраз во последните мерења.

Научниците се загрижени, бидејќи мразот во Арктикот всушност отстапува во момент кога регионот влегува во студен и темен период на зимата.

Топлите температури и ветровите предизвикале рекордни падови на мразот во морињата во двата поларни регионот во ноември, пишуваат научниците,  и ги споредуваат податоците со сателитските снимки на нивото на мразот за истиот месец во последните 38 години.

Во Арктикот нивото на мразот бил во просек 9,08 милиони квадратни километри, што е за 1,95 милиони квадратни километри помалку од долгорочното средно ниво.

Истражувачите велат дека во средината на месецот морскиот мраз на Арктикот се намалил за околу 50 илјади квадратни километри и тоа најмногу во Баренцово Море.

Во Антарктикот, просечното ниво на мразот во ноември било 14,54 милиони квадратни километри, што е за 1,81 милиони под просекот за 1981-2010 година.

Арктичкиот морски мраз обично расте во текот на зимата и стигнува до својот годишен максимум во март. Во Антарктикот температурите на воздухот беа со 2 до 4 степени потопли од нормалното во ноември, со силни западни ветрови, кои помагаат за распрснување на мраз во водата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет