На мала фарма во германската покраина Мекленбург - Форпомен е пронајден вирусот Х5Н8, популарно наречен „Птичји грип“ објави министерството за земјоделие на покраината.
На фармата имало околу 300 кокошки, патки и гуски кои што според германските протоколи веднаш ќе бидат уништени и складирани на безбедно место. Од почетокот на новите случаи на вирусот на почетокот на ноември во Германија се пронајдени преку 370 диви птици, а појавата е забележана и кај три големи и десетина помали фарми за живина, сопственици на гулаби и други украсни птици и зоолошки градини.
Во последниве неколку недели покрај Германија и неколку други европски земји и Израел се соочија со појавата на „Птичји грип“ по што освен уништување на заразените птици беше наложено и чување на живината во затворени простории за да не дојде во допир со преносители.