mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Загадувањето на воздухот главна закана по здравјето на Европејците

Загадувањето на воздухот главна закана по здравјето на Европејците

Типографија

Наспроти подобрениот квалитет на воздухот, напорите за справување со загадувањето во Европа треба да се зголемат поради високата цена по животот на луѓето и животната средина, соопшти Европската агенција за екологија (ЕЕА).

  • Загадувањето на воздухот е најголемата поединечна еколошка закана во Европа - наведува Агенцијата, чие седиште е во Копенхаген.

Според нејзина проценка, во 2013 година имало речиси 470 илјади случаи на предвремена смрт во 41 европска земја, кои се тесно поврзани со загадувањето на воздухот.

Фините честички како и озонот и азотниот диоксид предизвикуваат или ги зголемуваат респираторните проблеми, срцевите болести и канцерот и водат кон кратење на животниот век, истакна ЕЕА.

Озонот е исто така причина за загадување на земјоделските култури.

  • Неопходно е да се направат напори од страна на властите и грѓаните и да се издејствува намалување на штетните емисии - вели раоводителот на ЕЕА, Ханс Браунинкс.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет