Во изминатите пет години било најтопло откако се мерат температурите, а проценките на Светската метеоролошка организација (WMO) за оваа година се дека ќе биде уште потопла.
Деталните анализи на Организацијата се очекуваат идната недела.
- Во изминатите пет години смртоносниот топлотен бран и ураганите станаа се почести и поинтензивни, а регистрирано е и зголемено влијание на луѓето врз глобалното загревање - соопшти Светската метеоролошка организација.
Според неа, повеќе од половината временски случувања од 2011 до 2015 година биле поврзани со т.н. човечки отпечаток, односно со влијанието на луѓето врз природата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS