mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Франција предизборно го одложува затворањето на нуклеарките

Франција предизборно го одложува затворањето на нуклеарките

Типографија

Франција ја стави во мирување својата одлука за затворање нуклеарни реактори, со што се овозможува таа да се поништи ако се смени владата на изборите следната година.

Минатата година бил донесен закон со кој земјата треба да го намали учеството на атомската енергија во својот енергетски систем од сегашните 75 на 50 отсто. Но во владината програма не се посочени реакторите што треба да се затворат. Наместо тоа, Министерството за енергија и оставило на државната компанија ЕДФ да направи стратегија за користење на централите до април следната година.

Сепак, конечната одлука дали некој реактор ќе се затвори, е политичка. Во Франција во април ќе има претседателски избори, а во јуни парламентарни, што значи дека не се очекува да има конечно решение пред да се избере нов претседател и Собрание. Опозицискиот лидер Ален Жипе, кој водел на анкетите, го нарекол планот на претседателот Франсоа Оланд апсурден, и ветил дека ќе го отфрли, а на тоа се заложиле и неколкумина други десничарски кандидати.

Според организацијата Гринпис, Франција не успеала да го примени законот за енергија од 2015 година, со што ги изневерила заложбите од климатскиот самит во Париз дека ќе ја поддржи употребата на обновлива енергија. Според нив, земјата требало досега да затвори 22 реактори.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет