mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Соларните покриви - дел од визијата на Муск за чиста енергија

Соларните покриви - дел од визијата на Муск за чиста енергија

Типографија

Директорот на Тесла моторс, Елон Муск, откри нов производ со кој се комбинираат придобивките од неговата електрична кола и батерија, со компанијата за соларна енергија Солар Сити.

Муск ги претстави соларните ќерамиди, со кои се заменуваат традиционалните панели, како и домашна батерија-ѕид, која трае подолго. Со ова тој ја продолжува визијата за да им понуди на потрошувачите начин на живот без користење фосилни горива.

  • - Ова е пример за интегрирана иднина. Електричен автомобил, батерија-ѕид и сончев покрив. Клучно е дека сето тоа мора да биде со убав изглед, прифатлива цена, и целосно поврзано - рече Муск.

Тој е најголем акционер во двете компании, и во Тесла и во Солар Сити. Втората ја раководат двајца негови први братучеди. Муск се надева дека со новиот производ ќе се поттикне соларната технологија, која до денес има мал успех. Питер Рив, соосновач на Солар Сити и братучед на Муск, верува дека соларните покриви за само една до две години може да заземат околу пет отсто од пазарот на производи за покриви.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет