mksqen

Морето Рос во Антарктикот стана најголемата заштитена морска зона во светот

Морето Рос во Антарктикот стана најголемата заштитена морска зона во светот

Типографија

Со меѓународен договор беше создадена најголемата заштитена морска зона во Јужниот Океан во Антарктикот.

Договорот е постигнат во Австралија по пет години на компромиси и неуспешни преговори.

Новоформираниот морски парк е лоциран на над 1,5 милиони квадратни километри во морето Рос во Антарктикот. Овие води ќе бидат заштитени согласно договорот меѓу 24 земји и Европската унија. Овие води со површина со големина на Франција и Шпанија земени заедно, ќе добијат заштита од комерцијален риболов во текот на 35 години.
Договорот е постигнат меѓу делегати од 24 земји и ЕУ во Хобарт, за време на годишната средба на Комисијата за заштита на Антарктикот. 

Ова е првиот морски парк, формиран во меѓународни води и е преседан кој ќе овозможи понатамошна постапка, за постигнување на препораката на Меѓународната унија за заштита на природата 30 отсто од светските океани да бидат заштитени.

Заштитата на Антарктикот е од особена важност заради значењето на Јужниот Океан за природните ресурси во светот. Научниците пресметале дека Јужниот Океан произведува околу три четвртини од хранливи материи кои го поддржуваат животот во остатокот од светските океани. Регионот е дом на повеќето пингвини и китови во светот.

Морето Рос е длабок залив во Јужниот Океан, кој според многу научници е последната морска девица во екосистемот на Земјата, го дефинираат како жива лабораторија и идеална можност за животот во Антарктикот. Ова море е дом на огромна популација од криел, основна храна за различни видови, вклучувајќи китови и фоки.

Заштитата на водите меѓу страните нема да ја намали вкупната количина риба, дозволено да се фати во морето Рос, но ќе ја префрли оваа индустрија далеку од најважните живеалишта во близина на самиот континент.

Договорот исто така дефинира голема површина од 322 илјади километри квадратни за „зона за испитување на криел“.

  • Денешната спогодба е пресвртна точка за заштита на Антарктикот и Јужниот Океан - коментира Крис Џонсон, океанолог од WWF-Австралија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет